• петок, 27 декември 2024

„АРНО“ го отвори натпреварот „Зелени идеи 2022“

„АРНО“ го отвори натпреварот „Зелени идеи 2022“
Скопје, 24 февруари 2022 (МИА) - Здружението „АРНО“ со вклучување од Чучер Сандево, од просториите на „Ракатрак“ - едукативен центар за животни вештини и локален зелен бизнис, вчера преку хибриден настан, го одбележа почетокот на натпреварот за зелени идеи и ги повика граѓаните да аплицираат со свои зелени бизнис идеи до 26-ти април. „АРНО“ годинава ќе додели три преносни компјутери за идеите кои ќе бидат избрани во финалето како три македонски победнички идеи. Дополнителна поддршка ќе доделат и партнерите: МКА2000, Македонија 2025 и Стопанската комора на Северо-западна Македонија. За сите кои имаат потреба од поддршка во развивањето на апликацијата, АРНО организира работилници кои се отворени за пријавување. „Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во земјите од Западен Балкан и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 или 5.000 долари за реализација на идејата во својата земја. ар/лв/

Остани поврзан