• четврток, 09 април 2026

Арно во Иран: ОН бараат сеопфатно решение и заштита на цивилите

Арно во Иран: ОН бараат сеопфатно решение и заштита на цивилите

Техеран, 8 април 2026 (МИА) - Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, Жан Арно пристигна во Иран како дел од регионална турнеја чија цел е поддршка на „сеопфатно и трајно решение“ за конфликтот.

Според соопштението на ОН, Арно ќе ги сослуша ставовите на иранските власти „за натамошните чекори“ и ќе ја повтори посветеноста на Гутереш за мирно решавање на кризата.

Портпаролот на ОН ги повика сите лидери „да го изберат патот на мирно решавање и заштита на цивилите“.

Арно, искусен дипломат кој минатиот месец беше именуван за специјален пратеник за конфликтот во Иран, во понеделникот отпатува за Блискиот Исток. Обединетите нации не соопштија детали за сите планирани дестинации во рамки на неговата посета. ссм/

фото: архива

Остани поврзан