• сабота, 23 ноември 2024

Армијата на Конго тврди дека спречила државен удар, три лица загинале во престрелката

Армијата на Конго тврди дека спречила државен удар, три лица загинале во престрелката

Киншаса, 19 мај 2024 (МИА) - Армијата на Конго соопшти денеска дека рано изутрината „спречила државен удар“ и ги уапсила сторителите, меѓу кои и неколку странци, а забележано е и пукање во главниот град Киншаса, при што загинаа три лица.

Портпаролот на армијата на Конго, генерал Силвен Екенге, на прес-конференција соопшти дека обидот за државен удар бил спречен од конгоанските одбранбени и безбедносни сили и дека ситуацијата е под контрола, но не даде повеќе детали.

Покрај тоа, се судриле луѓе во воени униформи и обезбедувањето на локален политичар во неговата куќа, на околу два километри од претседателската палата и делот од градот каде се наоѓаат некои амбасади. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан