• среда, 25 декември 2024

Армијата во Србија до крајот на месецот ќе предложи начин за отслужување на задолжителниот воен рок

Армијата во Србија до крајот на месецот ќе предложи начин за отслужување на задолжителниот воен рок

Белград, 23 април 2024 (МИА) - До крајот на овој месец до врховниот командант на српската армија ќе биде доставена оценката и предлогот за враќање на обврската за воен рок, со предлог за модел на задолжителен воен рок и динамични планови за создавање услови за активирање на обврската, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ.

Тој во интервју за денешната „Политика“ посочи дека ГШ на српските вооружени сили има развиено неколку можни модели на воена служба, со јасно утврдени позитивни и негативни ефекти, со компаративна анализа според претходно дефинирани критериуми.

„Бидејќи ја добивме задачата од врховниот командант, не би било коректно јавно да зборувам за нејзината содржина пред да го поднесам бараниот предлог“, изјави тој. паг/

Фото: МИА
 

 
 

 

 

Остани поврзан