• петок, 27 декември 2024

Арктикот во наредните години во лето би можел да има денови „без мраз“

Арктикот во наредните години во лето би можел да има денови „без мраз“

Вашингтон, 6 март 2024 (МИА) - Арктикот би можел да ги доживее првите летни денови „без мраз“ во следните неколку години, објавија научниците, а пренесува германската новинска агенција ДПА.

Арктичкиот мраз се топи во текот на летните месеци, намалувајќи ја површината на замрзнатиот океан, а потоа повторно се зголемува во текот на зимските месеци. Но, ледената покривка се намалува како резултат на глобалното затоплување, па се направени проценки кога Арктичкиот океан би можел да биде „без мраз“ во септември, кога ќе го достигне својот минимален обем на крајот на летото.

Без мраз не значи дека нема да има мраз, но научниците ја дефинираат како област со помалку од еден милион квадратни километри ледена покривка, што е само 20 отсто од просечната минимална покривка во 1980-тите.

Ваквите услови би имале многу ефекти, од зголемување на затоплувањето преку намалување на капацитетот за отфрлање топлина на белиот мраз и ерозија на крајбрежјето до притисок врз дивиот свет, како што се поларните мечки, предизвикувајќи нови видови риби да се преселат во Арктичкиот океан и зголемување на човечките активности, како што е поморски транспорт.

Студијата на Универзитетот во Колорадо Болдер во САД ги анализирала постоечките податоци за предвидувањата за движењето на морскиот мраз и податоците за покриеноста на морскиот мраз од климатските модели за да се види како Арктикот би можел да се менува на дневна основа во иднина.

Студијата објавена во списанието Nature Reviews Earth and Environment вели дека најраниот септември без мраз би можел да се случи помеѓу 2020-тите и 2030-тите, врз основа на сите проценки за количината на стакленички гасови што луѓето ги испуштаат во атмосферата и веројатно ќе се случи до 2050 година.

Арктичкиот морски мраз би можел брзо да се врати доколку температурите се намалат, велат научниците. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан