• среда, 25 декември 2024

Арифи не гледа коалициски партнер во ВМРО-ДПМНЕ

Арифи не гледа коалициски партнер во ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 24 јули 2020 (МИА) - Потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово Теута Арифи изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не го гледа како партнер во новата влада и оти за ДУИ е важно одржувањето на Охридскиот, Преспанскиот, и Договорот со Бугарија. -Ние на нашиот конгрес имаме јасно ставени линии и тие се однесуваа на Охридскиот, Преспанскиот, Договорот со Бугарија. Сметам дека ако се зборува за континуитет, се подразбира што е континуитет. Велам, додека нема официјален процес на разговори, комбинации може да слушате секакви, но јас мислам дека за ДУИ е важен тој процес на одржување на овие договори, апсолутно се поврзуваат со тие што ги креираа овие договори кои апсолутно ги поддржуваа и работеа на тие договори, рече Арифи.вечерва во гостувањето во отвореното студио на ТВ 24. вг/вј/

Остани поврзан