• недела, 28 јули 2024

Арифи: Имаме многу проекти што ќе се реализираат во следните четири години

Арифи: Имаме многу проекти што ќе се реализираат во следните четири години
Тетово, 15 октомври 2021 (МИА) - Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат од редовите на ДУИ, Теута Арифи денеска имаше средба со политичкиот врв на ДУИ во Тетово како последна активност за кампањата. Таа истакна дека во ДУИ сите се уверени и ја пренесуваат пораката дека ќе имаат голема победа на 17 октомври. - Да тропнеме на секоја врата, да ги повикаме сите семејства, пријатели и познаници, уште еднаш да ги потсетам зошто е важно во недела, 17 октомври, да излезат и да гласаат за понудата на Демократската унија за интеграција за Тетово. Станува збор за иднината на нашето Тетово, за иднината на нашите деца, за зелената агенда, за реални и остварливи проекти преку кои ќе ја направиме општината и градот Тетово со модерна инфраструктура и зелени површини. Сега започнавме многу проекти во партнерство со централната власт, го отвораме булеварот „Благоја Тоска“, го градиме шеталиштето на реката Пена, а во иднина дизајниравме многу проекти што ќе се реализираат во следните четири години, рече Арифи. Листата со кандидати за советници од ДУИ ја предводи Блерим Османи. ас/мс/  

Остани поврзан