• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Аргентинскиот претседател Милеи ја откажа државната посета на Израел

Аргентинскиот претседател Милеи ја откажа државната посета на Израел

Буенос Аирес, 19 март 2025 (МИА) – Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи ја откажа планираната државна посета на Израел, соопшти денеска владиниот портпарол Мануел Адорни.

Патувањето, кое првично требаше да почне в сабота, е одложено на неодредено време, а нов датум не е објавен, пренесе ДПА.

За време на четиридневната посета, Милеи планираше да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и да одржи говор пред парламентот, Кнесетот.

Либералниот претседател на Аргентина се смета за лојален сојузник на Израел и често изразува голем интерес за еврејската вера.

Според извештаите на медиумите, откажувањето најверојатно е поврзано со политичките превирања во Аргентина. Милеи во моментов се обидува да донесе декрет преку парламентот за унапредување на нов договор со Меѓународниот монетарен фонд додека земјата се бори со големи долгови.

Во меѓувреме, во јужноамериканската земја треба да се одржат и протести поради ниските пензии. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан