• сабота, 23 ноември 2024

Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај поднесоа заедничка кандидатура за домаќин на СП 2030

Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај поднесоа заедничка кандидатура за домаќин на СП 2030

Буенос Аирес, 8 февруари 2023 (МИА) – Претседателот на Аргентинската фудбалска федерација (АФА), Клаудио Тапија изјави дека Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај поднеле заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2030 година.

- Денес е многу важен ден за историјата на нашите четири земји. Сонуваме повторно да бидеме домаќини на Светското првенство на стогодишнината. Сите ние Јужноамериканците сме многу страсни, живееме за фудбалот. Знаеме дека ова е многу голема посветеност и дека треба да му докажеме на светот дека Аргентина, Уругвај, Парагвај и Чиле се способни да бидат домаќини на Светското првенство во фудбал во 2030 година. Поддржани сме од претседателите на сите 10 федерации кои го сочинуваат КОНМЕБОЛ, изјави Тапија.

Првото Светско првенство се одржа во 1930 година во Уругвај. Во 1978 година Мундијалот се одржа во Аргентина, а во 1962 година во Чиле. Турнирот се уште не е одржан во Парагвај.

Други претенденти за домаќин на турнирот се: Мароко; Шпанија и Португалија (заедничка апликација); Саудиска Арабија, Египет и Грција (заедничка апликација).

Конечниот избор на домаќин на Светското првенство во 2030 година ќе се случи на 74. Конгрес на ФИФА во 2024 година. зс/

Остани поврзан