• четврток, 26 декември 2024

Арбиенби воведува забрана за забави

Арбиенби воведува забрана за забави
Сан Франциско, 20 август 2020 (МИА) - Арбиенби денеска објави дека забранува забави во сите објекти на својата листа. Компанијата исто така најави и ограничување на сместувањето до максимум 16 луѓе. Арбиенби соопшти дека ја менува својата политика за забавите за време на пандемијата со новиот коронавирус за да се овозможи одговорно патување. Сепак компанијата нагласи дека разгледува евентуални исклучоци од ограничувањата за хотелите кои се на нејзината листа. ми/

Остани поврзан