• петок, 27 декември 2024

Арбер Адеми нов координатор на пратеничката група на ДУИ

Арбер Адеми нов координатор на пратеничката група на ДУИ
Скопје, 10 март 2021 (МИА) - Пратеникот Арбер Адеми е нов координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, по оставката на Изет Меџити од оваа позиција. Како што потврдија за МИА извори од ДУИ, Адеми е избран со потписи од сите пратеници од парламентарната група на ДУИ. Извори од ДУИ велат дека потис ставил и поранешниот координатор Изет Меџити и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Арбер Адеми е и претседател на собраниската Комисија за европски прашања. ац/

Остани поврзан