• петок, 27 декември 2024

Адеми за средбата Мицкоски - Таравари: Секој глас за „Вреди“ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Адеми за средбата Мицкоски - Таравари: Секој глас за „Вреди“ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 6 мај 2024 (МИА) - Секој глас за „Вреди“ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, напиша потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбер Адеми, коментирајќи ја денешната средба меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со еден од предводниците на албанската опозициска коалиција „Вреди“ и доскорешен кандидат за претседател на државата, Арбен Таравари. 

- Гласот за ВРЕДИ е глас за ВМРО! Се гледаме на 8 мај! Ќе се случи народот!, напиша Адеми во коментар објавен покрај фотографијата од средбата меѓу Мицкоски и Таравари. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево имал средба  со Таравари, кој е дел од изборната коалиција „Вреди“.

Од ВМРО-ДПМНЕ за МИА ја потврдија средбата, наведувајќи дека на неа се разговарало за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка.  

Средбата на Мицкоски и Таравари се случува на само два дена пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Таравари беше еден од седуммината кандидати за претседател, но не влезе во вториот круг на изборите. Тој во првиот круг освои 83.337 гласови. фф/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан