• среда, 25 декември 2024

Арбен Таравари - министер за здравство

Арбен Таравари - министер за здравство

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Новиот министер за здравство Арбен Таравари е роден на 9 април 1973 година. Тој ја вршеше оваа должност во периодот од јуни до септември 2017 година.

Од 2016 до 2017 година бил шеф на оддел за мигрени, главоболки и други болни синдроми на Универзитетската клиника за неврологија.

Од 2017 до 2021 година беше градоначалник на Општина Гостивар, по што доби и втор мандат.

Таравари е в.д. претседател на Алијанса на Албанците од 2022 година. Од истата година, работи и како професор по предметот „неврологија“.

Тој специјализирал по неврологија во 2006 година на Универзитетската клиника за неврологија. Докторирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 2011 година. Втората специјализација му е по семејна медицина, исто така на Медицинскиот факултет во 2011 година.

Мајчин јазик му е албанскиот, а говори и македонски, англиски, турски, како и српски. бд/дма/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан