• четврток, 26 декември 2024

Арбен Думани назначен за началник на ОВР Дебар

Арбен Думани назначен за началник на ОВР Дебар
Дебар, 3 јануари 2019(МИА) - Со решение на досегашниот министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за началник на Одделението за внатрешни работи во Дебар вчера беше назначен Арбен Думани. Тоа согласно новата систематизација на МВР, а во рамки на реорганизацијата на полициските станици. Одделенито за внатрешни работи во Дебар и понатаму ќе работи во рамки на Секорот за внатрешни работи-Охрид. Триесетиосумгодшниот Думани е дипломиран правник а во МВР е од 2002 година. Во досегашнот негов ангажман тој бил заменик командир во Полициската станица од општа надлежност во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа. Исто така бил командир на полициското одделение за безбедност во сообраќајот во дебарската полициска станица. Думани е роден во Дебар. Командир на Полициската станица од општа надлежност во Дебар останува  Аргетим Војника (35), кого Советот на општина Дебар го избра во средината на јули минатата година.вт/ир

Остани поврзан