• недела, 06 октомври 2024

Арбелоа сака да го наследи Анчелоти како тренер на Реал Мадрид

Арбелоа сака да го наследи Анчелоти како тренер на Реал Мадрид

Мадрид, 3 мај 2024 (МИА) - Агентот на поранешниот играч на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа - Оскар Рибо, верува дека Шпанецот може да го води првиот тим. Арбелоа е тренер на младинскиот тим на „белиот балет“.

-Арбелоа сака да стане тренер на Реал Мадрид. Тој активно работи на тоа. Не се сомневам дека тој ќе стане наследник на Анчелоти и еден ден ќе го заземе тренерското место на клупата на „Бернабеу“, изјави Рибо, цитиран од „Релево“.

Четириесет и едно годишниот Арбелоа се повлече од својата активна кариера во 2017 година. Од 2020 година е тренер на младинскиот тим на Реал Мадрид.

Како дел од „белиот балет“, Арбелоа стана шампион на Шпанија и двократен освојувач на Купот на Шпанија, а исто така двапати ја освои Лигата на шампионите. дс

Фото: Принтскрин

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан