• среда, 18 декември 2024

Арапската лига за ситуацијата во Сирија

Арапската лига за ситуацијата во Сирија

Каиро, 8 декември 2024 (МИА) - Генералниот секретаријат на Арапската лига внимателно ги следи случувањата кои забрзано се развиваат во Сирија, која сега го доживува еден од најважните и најопасни моменти во целата нејзина модерна историја, се наведува во документ објавен на официјалната веб-страница на Арапската лига.

„Сметаме дека зачувувањето на територијалниот интегритет на земјата, почитување на нејзиниот суверенитет и отфрлањето на странското мешање во внатрешните работи на Сирија сега мора да стане главна компонента на арапската позиција во врска со моменталната ситуација“, се посочува во документот. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан