Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа
- Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска најави можност за почеток на преговорите меѓу Техеран и Европа, пренесуваат иранските медиуми.
Техеран, 17 ноември 2024 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска најави можност за почеток на преговорите меѓу Техеран и Европа, пренесуваат иранските медиуми.
-Постои интерес на европските земји за почеток на преговорите и веројатно ќе се случи тоа, рече тој.
Тој, исто така, ги негираше тврдењата дека иранскиот амбасадор во Обединетите нации имал средба со извршниот директор на „X“, Илон Маск во Њујорк.
Весникот „Њујорк тајмс“ вчера објави дека Маск во понеделникот наводно имал средба со иранскиот амбасадор во ОН. мс/
фото: ЕПА