• четврток, 05 март 2026

Арагчи: Трамп ја предаде дипломатијата - ја бомбардира преговарачката маса од инает

Арагчи: Трамп ја предаде дипломатијата - ја бомбардира преговарачката маса од инает

Техеран, 4 март 2026 (МИА) - Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска на платформата „Икс“ го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за „предавство на дипломатијата и на Американците што го избраа“ со тоа што почна напад за време на разговорите за нуклеарната програма на Иран.

„Кога сложените нуклеарни преговори се третираат како трансакција со недвижности и кога големите лаги ја замаглуваат реалноста, нереалните очекувања никогаш не може да се исполнат“, напиша Арагчи на „Икс“.

„Резултат? Бомбардирање на преговарачката маса од инает“, додаде иранскиот министер за надворешни работи.сд/јт/

Фото:Икс

Остани поврзан