Арагчи и Виткоф ќе ги предводат делегациите на преговорите во Оман
- „Иран и САД ќе се сретнат в сабота во Оман на индиректни разговори на високо ниво“, напиша Абас на социјалната мрежа X.

Техеран, 8 април 2025 (МИА) - Преговорите меѓу САД и Иран, кои ќе се одржат в сабота, на 12 април во Оман, ќе ги предводат шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, и претставникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, објавија иранските државни медиуми.
Британските медиуми наведуваат дека Арагчи претходно потврди дека индиректните разговори меѓу Техеран и Вашингтон ќе се одржат в сабота во Оман.
„Иран и САД ќе се сретнат в сабота во Оман на индиректни разговори на високо ниво“, напиша Абас на социјалната мрежа X.
Тој додаде дека „ова е и можност и тест“ и дека „топката е на теренот на Америка“.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД и Иран водат директни преговори за иранското нуклеарно прашање.сд/
фото: Википедија