• вторник, 24 декември 2024

Апсења поради кражба на 43.000 државни одликувања од Палатата „Србија“

Апсења поради кражба на 43.000 државни одликувања од Палатата „Србија“

 

Белград, 15 март 2024 (МИА)- Осум лица се уапсени, а за двајца е распишана потерница поради сомнение дека се соизвршители во тешка кражба на државен имот поточно на 43.000 државни одликувања со исклучително висока вредност од Канцеларијата на ордени на Р.Срија која се наоѓа во десното крило на зградата на СИВ (сега Палата Србија), соопшти Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Како што јави доисникот на МИА од Белград, осомничените, биле сослушани, сите ја дале својата одбрана, по што Третото обвинителство до судот доставило предлог за определување мерка притвор за четири лица, за две лица е распишана потерница и е одреден притвор, бидејќи не се достапни на државните органи, а за три лица е одредена мерка за непречено одвивање на кривичната постапка, што практично значи дека им се одземени пасошите и им е наредено редовно да се јавуваат во полиција.

Еден од осомничените по кои обвинителството предложи да се распише потерница е Слободан Хомен, адвокатот и поранешен државен секретар во Министерството за правда во Владата на Мирко Цветковиќ. Тој беше пратеник во Народното собрание од 2012-2014 година.

Акцијата не била спроведена во еден ден, туку траела подолг временски период.

об

Остани поврзан