• среда, 25 декември 2024

Апсења во Куба по протестите поради прекини на електричната енергија

Апсења во Куба по протестите поради прекини на електричната енергија

Хавана, 10 ноември 2024 (МИА) - Кубанската влада соопшти дека уапсила неколку лица кои организирале протести откако ураганот го остави островот без струја по втор пат во последните неколку недели.

Во Куба, која се уште е под комунистичка власт, уличните протести се ретки. Обвинителството соопшти дека лицата уапсени во Хавана и централните провинции се обвинети за напад, јавен неред и оштетување на имотот.

Карипскиот остров со 10 милиони жители остана без струја во средата откако ураганот Рафаел го погоди западниот дел на.

Пред само две недели ураганот Оскар усмрти осум лица на истокот од островот за време на прекините со струја во земјата поради дефект на најголемата електрана на островот и недостиг на гориво.

Владата соопшти дека половина од граѓаните на Хавана сега повторно имаат струја, но повеќето од главниот град и соседните провинции немаат.

Според обвинителството, приведените по протестот се товарат за „дела на агресија врз властите и територијалните инспектори, нанесување повреди и вознемирување на јавноста“.

Групата за човекови права Justicia 11J соопшти дека повеќе од 10 лица се уапсени во Гуанабакоа, град во предградието на Хавана. Прогонот на луѓето во главниот град продолжува“, напишаа тие на социјалните мрежи, додавајќи дека уапсените мирно учествувале во протестот, што самата група го документирала.

Невладината организација Кубалекс со седиште во Мајами во петокот објави дека осум лица се уапсени во Енкрусијада, централна Куба.

Куба со месеци страда од повеќечасовни прекини на електрична енергија и се наоѓа во центарот на својата најтешка економска криза од распадот на сојузникот Советскиот Сојуз во раните 1990-ти - обележана со зголемената инфлација и недостиг на основни производи.

Електричната енергија на островот се произведува од осум застарени електрани на јаглен, од кои некои се расипаа, како и седум пловечки електрани изнајмени од турски компании и голем број дизел генератори.

Покрај се поголемата загриженост за нестабилност во земјата, претседателот Мигел Дијаз-Канел предупреди дека неговата влада нема да толерира обиди за „нарушување на јавниот ред“.

Пред три години, на 11 јули 2021 година, илјадници Кубанци излегоа на улиците низ островот извикувајќи „Гладни сме“ и „Слобода! во редок повик до комунистичките власти. Според Justice 11J, со седиште во Мексико, по тие протести биле уапсени повеќе од 1.500 луѓе, од кои 600 се уште се во затвор. Некои добија затворски казни до 25 години. сд/

Остани поврзан