• четврток, 26 декември 2024

Апликација што го следи расположението на мачката

Апликација што го следи расположението на мачката
Торонто, 20 август 2021 (МИА) - Сопствениците на мачки кои сакаат да ги фотографираат своите крзнени пријатели, сега тоа можат да го прават и со апликацијата „Табли“, којашто открива во какво расположение е миленичето и дали нешто го боли. - Апликацијата им помага на сопствениците на мачки да знаат дали нивната мачка нешто ја боли или не. Успеавме „да ја обучиме машината“, користејќи компјутерско учење и голем број слики, изјави Мише Прист, претставник на канадската компанија за здравствена технологија за животни, „Силвестер.аи“. Испитување од 2019 година објавено во списанието „Сајентифик репортс“, открива дека таканаречената „скала за гримаси на мачките“ (ФГС) е валидна и сигурна алатка за проценка на болка кај мачките. „Силвестер.аи“ е автор на апликацијата. Програмата со помош на камерата од телефонот ја следи положбата на увото и главата на мачето, стеснувањето на очите, напнатоста на муцката, мустаќите... Апликацијата може да им помогне и на младите ветеринари, кои сѐ уште немаат доволно искуство. Според стручните лица, апликацијата што користи слики од лица на мачки може да биде корисна. Но, сопствениците на мачки треба да го испитаат целото тело на нивното милениче, вклучувајќи ја и опашката, за да ја одредат нивната благосостојба, препорачуваат ветеринарите.  си/

Остани поврзан