• среда, 18 декември 2024

Апел од МНР: Македонските државјани да ја напуштат Сирија

Апел од МНР: Македонските државјани да ја напуштат Сирија

Скопје, 8 декември 2024 (МИА) - Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика.

-Апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија, се наведува во соопштението од Министерството.

Оттаму посочуваат дека како и секогаш, Министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389  75 268 736 (меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk ). дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан