• вторник, 20 јануари 2026

Апел од жителите на Нивичани, итно чистење на мразот кај „Кршов бунар“

Апел од жителите на Нивичани, итно чистење на мразот кај „Кршов бунар“

Кочани, 15 јануари 2026 (МИА) -  Жителите на Нивичани, село десетина километри оддалечено од Кочани, упатија апел за итно чистење на мразот од коловозот кај месноста позната како „Кршов бунар“. 

Станува збор за локален планински пат кој се искачува на Осоговските Планини и Кочани го поврзува, освен со Нивичани, и со селата Пантелеј, Рајчани,Турско Рударе, како и со Пробиштип.

Поради заледената подлога кај „Кршов бунар“, сообраќајот на овој патен правец се одвива отежнато.

Луѓето од Нивичани бараат надлежните служби навремено да реагираат, со цел да се спречи евентуална несреќа и да се обезбеди безбедно движење за сите учесници во сообраќајот. ис/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан