• среда, 27 ноември 2024

Апел на 260 невладини организации за спас на 34 милиони гладни во светот

Апел на 260 невладини организации за спас на 34 милиони гладни во светот
Женева, 20 април 2021 (МИА) - Околу 260 невладини организации денеска ги повикаа земјите донатори даобезбедат 5,5 милијарди долари што ги побараа агенциите на ООН за да спасат 34 милиони луѓе од глад.
„Ве повикуваме да обезбедите дополнителни 5,5 милијарди долари финансиски средства потребни за да овозможиме итна помош за храна на десетици милиони гладни луѓе“, се вели во отвореното писмо од национални и меѓународни невладини организации од целиот свет.
Со ова писмо е поддржан апелот на Светската програма за храна (ПАМ) и Организацијата на ООН за храна и земјоделство (ФАО), кои побараа дополнителни средства за 2021 година.
Според невладините организации, 26 часа од светската воена потрошувачка ја претставува оваа сума пари.
Невладините организации посочуваат дека досега се ветени само пет проценти од вкупните 7,8 милијарди долари што ги побара ООН за 2021 година со цел да се обезбеди ветената храна.
На крајот на 2020 година, ООН процени дека 270 милиони луѓе во светот се гладни или се на работ на глад.
Вкупно 174 милиони луѓе во 58 земји се изложени на ризик да починат од неухранетост или недостиг на храна, а „тој број ќе се зголеми во наредните месеци ако не се стори ништо“, предупредуваат невладините организации. паг/
   

Остани поврзан