• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Апел за помош на семејството Богдановски од Јурумлери чиј дом изгоре во пожар

Апел за помош на семејството Богдановски од Јурумлери чиј дом изгоре во пожар

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска го посети семејството Богдановски во Јурумлери, чиј дом изгоре целосно во пожар на 4 јуни 2024 година во 4:00 часот наутро.

Пожарот, како што информира Општина Гази Баба, за миг ја пеплосал скоро целата куќа во која живеат Зоран со неговата ќерка, зет и внучиња кои биле во домот за време на пожарот и за среќа успеале да излезат неповредени.

- Денес сме во посета на семејството Богдановски чиј дом пред неколку дена беше зафатен од пожар и изгоре. Како локална самоуправа ќе дадеме соодветна финансиска поддршка со цел возобновување на овој дом. Ја користам оваа прилика, да ги поканам сите хумани, сите добронамерни луѓе и градежни компании да дадат поддршка со цел семејствата побрзо да се вратат во нормалниот тек на функционирање, изјави Стефковски.

Сите хумани граѓани имаат можност да донираат на следната сметка која е на ќерката на Зоран: 270-7000494939.08 – Халк Банка, со ознака донации на име на Маја Ѓорѓиев. мд/са/

Фото: Општина Гази Баба

Остани поврзан