• четврток, 26 декември 2024

АПЕЛ ДО ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛ ДО ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Број на објава: 659/05/21 Датум: 01.05.2021 Клучни зборови: Здружението на вработени во сектор игри на среќа   По повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, го упатува следниот апел до Владата и Собранието на Република Северна Македонија: Ние сме гласот на 10 илјади луѓе вработени во секторот игри на среќа. Нема да дозволиме да бидеме жртви на политички мотивирани законски измени. Згрозени сме од хајката која се води против нас подолг период. Некои партии треба да престанат пред секои избори да се обидуваат да ловат политички поени со нашите судбини. Јавноста треба да земе предвид дека со оваа дејност не се занимаваат некои наводно бесчувствителни профитери, туку луѓе од крв и месо, кои се активни чинители во ова општество. И ние сме родители, најчесто на малолетни деца и никогаш не би се согласиле да бидеме дел од нешто што ги прави нив потенцијални жртви. Во автомат клубовите одамна се имплементираат сите највисоки стандарди на ЕУ, се е 100% законски! Доколку биде усвоен предлогот за дислокација на автомат клубовите и обложувалниците на 500 метри од основни и средни училишта, тоа ќе значи затворање на сите објекти во кои се организираат игри на среќа. Согласно постоечката инфраструктурна поставеност, одредено дистанцирање од едно училиште, ќе го приближи објектот до друго училиште. Ова е неспроведливо на терен. Ние ќе ги загубиме нашите работни места и ќе бидеме принудени да си ја бараме иднината надвор од границите на нашата Татковина, во западните земји, членки на ЕУ. Тоа значи дека 10 илјади луѓе на кои уредно им се исплатуваат плати, придонеси, додатоци за прекувремена работа, ќе останат на улица. Дури и за време на безбедносните мерки за заштита од пандемијата со „Ковид-19“, кога не одевме на работа, платите ни беа исплаќани во целост. Надлежните државни институции треба да бидат свесни дека најмалку 24 илјади граѓани преку нашите работни места обезбедуваат егзистенција, а истовремено секторот игри на среќа индиректно подржува и помага речиси 54 илјади работни места. Апелираме до Владата и Собранието да не преземаат чекори кои дополнително ќе ја отежнат и онака тешката економска состојба во приватниот сектор кој е драматично погоден од светската пандемија со „Ковид-19“. Врвен национален приоритет треба да биде зачувувањето на секое работно место. Премиерот, министрите и пратениците треба да бидат свесни дека со затворањето на еден 100% легален сектор игри на среќа, ќе создадат услови за играње на црно, каде државата ќе нема никаква контрола, ниту буџетски приходи.   МИА - ОТС Комерцијални соопштенија  Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан