• сабота, 23 ноември 2024

Апелација ја уважи жалбата за условен отпус на Миле Јанакиевски, ќе започне од 17 јуни

Апелација ја уважи жалбата за условен отпус на Миле Јанакиевски, ќе започне од 17 јуни

Скопје, 12 март 2024 (МИА) – Жалбата на Миле Јанакиевски, со која се бара условен отпуст е уважена и ќе започне на 17 јуни годинава, информираат од Апелациониот суд Скопје.

Апелациониот суд – Скопје, информира дека Кривичен совет на Судот донел решение со кое жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот М.Ј, од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, со која се бара условен отпуст, се уважува.

-   Согласно донесеното решение на Апелациониот суд - Скопје, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот М.Ј. наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело, се вели во соопштението од Апелација.

Јанакиески во февруари 2022 година призна вина за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ за што првостепено беше осуден на четири години и шест месеци затвор, по што Апелација во јуни минатата година му ја намали казната на три години и шест месеци. аа/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан