• среда, 25 декември 2024

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Павлинка Илоска, која лани ја донесе велешкиот Основен суд

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Павлинка Илоска, која лани ја донесе велешкиот Основен суд

Велес, 26 јануари 2023 (МИА) – Апелациониот суд од Скопје денеска ја потврди првостепената пресуда на Основниот суд во Велес со која 24-годишната Павлинка Илоска од Велес беше ослободена од обвинение за кривично дело „убиство во миг“, кога во нужна самоодбрана на својот го лиши од живот нејзиниот невенчан сопруг, 40-годишниот полицаец Александар Ристовски.

Ова попладнево за МИА го потврди судијката Габрила Гајдова од Основниот суд Велес, која на 15 февруари лани ја донесе одлуката.

Откако велешкиот Основен суд лани ја донесе ослободителната пресуда ,ОЈО Велес се жалеше до Апелациониот суд барајќи укинување на пресудата и враќање на предметот на повторно судење. ОЈО сметаше дека е погрешно утврдена фактичката состојба.

Меѓутоа со жалбата на ОЈО Велес не се согласи Вишото јавно обивинителство.Тоа до Апелациониот суд во Скопје испрати свое мислење дека е исправна одлуката за ослободување на Павлинка Илоска од обвинение.

Павлинка Пале Илоска на партнерот со кого живеела во вонбрачна заедница и од кого подолго време трпела семејно насиство, при една расправија во неговата куќа каде живееле, која се случи на 29 септември 2021 година, вo одбрана на својот живот му нанела убодна рана со нож, од која тој починал. Потоа самата повикала на помош, Итна медицинска помош. ад/мд/

 

Остани поврзан