• петок, 27 декември 2024

Средба на в.д претседателката на скопска Апелација со првите луѓе на основни судови на апелационото подрачје Скопје

Средба на в.д претседателката на скопска Апелација со првите луѓе на основни судови на апелационото подрачје Скопје

Скопје, 25 април 2023 (МИА) - В.Д претседателката на Апелациониот суд - Скопје Мери Дика Георгиевска денеска одржа работна средба со претседателите на основни судови кои припаѓаат на скопското апелационо подрачје.

Како што се наведува во соопштението од Апелациониот суд, на средбата со Дика Георгиевска со првите луѓе на Основниот граѓански суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје и основните судови од Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка и Кратово се согласија дека ажурното постапување по предметите во голема мера зависи од бројот на судиите и непополнетите работни места во судската служба, а што како проблем се соочува секој од судовите.

- Заради надминување на оваа состојба да се направат напори од Судскиот совет на Република Северна Македонија да се пополнат испразнетите судиски места, со што непосредно ќе се влијае на ефикасно и навремено правораздавање, се посочува во соопштението. ев/сп/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан