• среда, 25 декември 2024

Апелациски суд во Џорџија го запре процесот против Трамп за вмешаност во изборите

Апелациски суд во Џорџија го запре процесот против Трамп за вмешаност во изборите

Вашингтон, 6 јуни 2024 (МИА) - Апелациски суд во Џорџија синоќа нареди запирање на процесот против поранешниот претседател на САД Доналд Трамп во кој тој и уште осуминна останати се обвинети за вмешаност во изборите.

Судската одлука, донесена синоќа, значи дека процесот против Трамп, во кој тој се обвинува дека сковал криминален заговор да влијае врз резултатот од изборите во Џорџија во 2020 година, најверојатно нема да продолжи пред изборите во ноември, па и пред новогодишните празници.

Најавата доаѓа во време кога уште два судски процеса против Трамп заглавија процедурално.

Станува збор за случаите иницирани од специјалниот обвинител Џек Смит. Еден е за тоа што Трамп се обиде да го игнорира својот пораз на изборите во 2020 година, другиот за неправилно ракување со доверливи документи во Флорида.

Пресудата донесена од порота во Њујорк минатата недела, а во врска со друг случај – поткуп на актерка во филмои за возрасни пред изборите во 2016 година, е единствена судска одлука пред претседателските избори годинава, со закажаната завршница во јули кога Трамп може да биде осуден на казна условен или реален затвор за сторено кривично дело.

Трамп е најверојатен претседателски кандидидат од републиканците, и на изборите ќе се соочи со актуелниот претседател на САД, демократот Џо Бајден. кб/

Остани поврзан