• петок, 27 декември 2024

Апасиев ќе се кандидира во првата изборна единица

Апасиев ќе се кандидира во првата изборна единица

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, на следните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица, соопштија денеска од Левица.

-Таче и Мицко ќе се кандидирале у кецот. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у кецот, се вели во изјавата на Апасиев, пренесена во соопштението на Левица.

Претходно, претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавија дека на следните избори ќе се кандидираат во првата изборна единица.сх/лв/

Фото: Левица

Остани поврзан