• сабота, 23 ноември 2024

Апасиев: Никогаш нема да има уставни измени

Апасиев: Никогаш нема да има уставни измени

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - Пратеникот и претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска на Комисијата за уставни прашања изјави дека никогаш нема да има уставни измени.

-Никогаш нема да има уставни измени. Ова ќе биде нашето единствено излагање по предлогот, затоа што сметаме дека материјална расправа е безвредна, бидејќи вие премиере ја направивте сметката без крчмар, влеговте во процесот вртоглаво без да обезбедите двотретинско мнозинство. Навистина е излишно материјална расправа по оваа прашање, рече Апасиев.

Тој ја обвини власта дека не обезбедила никакви државнички гаранции и посочи дека Бугарија и други земји можат да ни стават вета на патот кон ЕУ.

-Што е најтрагично, не обезбедивте никакви државнички гаранции дека нема да има нови вета и тоа не само од Бугарија. Бугарија има уште 35 пати шанса да ни стави вето и ќе ни стави. Ќе ни стават и други земји. Сето она што ние денес го зборуваме е една обична козметика знаејќи дека влегуваме во еден лузерски процес, бидејќи вие навикнавте и сакате и нас како македонска нација да не навикнете на порази, рече тој.

Според Апасиев никој не говори за правните последици кои ќе произлегуваат од процесот на уставните измени, а не само внесување на Бугарите во нашиот Устав. фф/ац/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан