• среда, 25 декември 2024

Апасиев: Не сме разговарале за поддршка на ново парламентарно мнозинство по изборите

Апасиев: Не сме разговарале за поддршка на ново парламентарно мнозинство по изборите
Делчево, 6 октомври 2021 (МИА) - Како опозиција ги поддржуваме сите иницијативи за пад на Владата на Заев, но досега не сме учествувале во преговори за евентуално ново парламетарно мнозинство, кое би се случило по изборите. Ова вечерва го изјави претседателот на Левица Димитар Апасиев, одговарајќи на новинарско прашање.
-Неминовно е ако дојде до пораз на СДСМ, да се разговара за Предвремени избори, меѓутоа тоа се детали за кои сега не би можеле да зборуваме бидејќи не го знаеме исходот, истакна Апасиев.
Апасиев потенцираше дека партијата Левица на локалните избори има 40 листи и 8 кандидати за градоначалници, а рејтингот од последните Парламентарните избори, како што рече, е двојно зголемен. Според него, тоа им дава право да очекуваат од 50 до 60 советници на претстојните Локални избори.
На новинарско прашање како ја оценува досегашната кампања, Апасиев изјави дека таа од самиот старт е нефер бидејќи, како што рече, во делот на Платено политичко рекламирање, 90 проценти од „колачот“ земаат четири партии, а за помалите партии остануваат „трошки“ од 7 проценти.
Претседателот на Левица, заедно со пратеникот Борислав Крмов присуствуваше на отворањето на канцеларијата на Левица, која во Делчево на локалните избори настапува со сопствена советничка листа. вс/мд/

Остани поврзан