• недела, 29 декември 2024

Апасиев: Процесот Жан Моне е фарса, нема расположение да се донесе современ европски деловник

Апасиев: Процесот Жан Моне е фарса, нема расположение да се донесе современ европски деловник
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Левица нема да учествува во дијалогот Жан Моне за измени на Деловникот, бидејќи смета дека целта на процесот не е донесување современ европски деловник за работа на Собранието, информираше денеска на прашање на МИА претседателот на партијата Димитар Апасиев -Тоа е обична фарса. Ние во почетокот како што учествувавме, лично јас учествував со конструктивни предлози, ги симнавме сите од Југославија до денес, ништо од тоа не се прифаќа.Тие имаат своја тенденција како тоа да го направат, и не сакаме да го легитимираме веќе тој процес и наш претставник не учествува. Од средбата во Маврово па наваму ние не учествуваме, рече Апасиев на новинарско прашање зошто не учествуваа на последнта средба на Жан Моне процесот за Деловникот што се одржа на почетокот од неделава. Тој додаде дека под постојните услови нема да учествуваат во процесот, бидејќи, како што потенцира, го смета за фарса. -Мислам дека нема располложение да се донесе современ европски деловник и затоа што не им одговара. Овој деловник е донесен од Трајко Велјановски. Им одговара и на едните кога биле на власт, и на овие. Така што мислам дека нема искрена добра волја да се промени Деловникот, рече Апасиев. Запрашан зошто не беа ниту на лидерската средба во понеделник, лидерот на Левица го повтори партискиот став дека ќе прифат внесување на Бугарите во Уставот ако тоа реципрочно се направи и во Бугарија. -Цениме дека нема што да преговараме за тие прашања. Нашиот став е јасен. Бугари во Устав во Македонија може под еден услов кога ќе има Македонци во бугарскиот Устав. Тоа е непроменет став и  нема зошто да разговараме на темата, вели Апасиев. За нивните претставки до Обвинителството и до Уставен суд во однос на забраната на бугарските здруженија „Ванчо Михаилов“ и „Цар Борис Трети“, регистрирани во земјава, рече дека не очекува ништо од правниот систем, но посочи оти мора да се исцрпат сите правни механизми кои им стојат на располагање. -Од Обвинителство немаме повратна информација меѓутоа од инсајдерски извори дознавме дека има оформен предмет за двете здруженија бидејќи тоа е посебен поднесок, тоа не е кривична пријава, туку во нашиот закон е предвидено иницијатива за забрана на дејствување на здружение. Додека од Уставен суд вчера мислам дека оформија предмет.  Има преседен, тоа е здружението Радко, меѓутоа ќе видиме. Јас искрено со ваков правен систем не очекувам ништо, меѓутоа наше е како легалисти да ги исцрпиме сите правни механизми за да потоа имаме основ како понатаму би презеле други политички дејствија, бидејќи доколку не ги исцрпите правните, немате алиби да правите радикализација во политички контекс, рече Апасиев. вг/лв/      

Остани поврзан