• четврток, 26 декември 2024

Анџелина Џоли и Бред Пит повторно во добри односи

Анџелина Џоли и Бред Пит повторно во добри односи
Лос Анџелес, 3 јули 2020 (МИА) - По разводот што официјално заврши лани, и по бурниот период претходно, Анџелина Џоли и Бред Пит, се чини, повторно се во добри односи... Како што пренесува „Ентертејнмент викли“, извор близок до поранешниот пар, што претпочита да остане неименуван, Бред сѐ почесто престојува во домот на Џоли, но сето тоа е поради децата. -Тие дури и избраа да живеат блиску еден до друг поради децата... Претходно, тие буквално не можеа да зборуваат еден со друг. Тоа беше тежок период и сето тоа го направи и разводот и договорот околу старателството врз децата уште поголем предизвик, коментира анонимниот пријател. Тој натаму вели дека на Бред и Анџелина сега им е битно - нивните деца да бидат здрави и среќни и да имаат поддршка од двајцата родители. - Беа потребни години за да се надминат разликите и тие конечно се на местото каде што може да градат здрав соживот, како родители, додава неименуваниот пријател. Бред и Анџелина заедно имаат шест деца. си/сд/

Остани поврзан