• четврток, 26 декември 2024

Анѓелка Прпиќ направи музеј од својот дом (видео)

Анѓелка Прпиќ направи музеј од својот дом (видео)
Белград, 2 април 2020 (МИА) - Глумицата Анѓелка Прпиќ, нам позната по српската хумористична серија „Андреја и Анѓелка“, како и епизодната улога во „Преспав“, во ова време на изолација, од својот дом направи интернет-музеј. Со тоа, како што самата вели, сакала да го исполни времето и на своето семејство, и на своите обожаватели. Поставката е инспирирана од татко ѝ Владимир Прпиќ, кој се занимава со уметност, а себеси се нарекува „наивниот уметник“. Проектот е насловен „Наивниот дедо", а пак, „кустос“ на изложбата е нејзиниот син првоодделенец Јакша оти тој минува најмногу време со својот дедо. https://www.instagram.com/p/B-aW36tBEjV/ - Никогаш немаме доволно време за нештата што ги планираме, ги сакаме некако за себе, но и за луѓето околу нас. Па, размислував како би било убаво - на дедото на Јакша, нашиот Владимир, да му организираме изложба, затоа што мислам дека тоа што тој го работи е одлично и професионално, иако сам себе се нарекува „наивен уметник“. Мене ме инспирираа она што сме го виделе во француски Лувр и српскиот Народен музеј. Па, помислив - зошто да не!?, раскажува Анѓелка за српската 1ТВ. Таа е и продуцент на оваа своевидна интернет-емисија, но и организатор на сѐ што е проследено со тоа.  си/сд/

Остани поврзан