• сабота, 12 октомври 2024

Анчелоти се сретна со директорите на Реал за можни нови засилувања

Анчелоти се сретна со директорите на Реал за можни нови засилувања

Мадрид, 11 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти работи на пронаоѓање играч кој ќе го замени повредениот Даниел Карвахал.

Шпанскиот весник „Марка“ објави дека тренерот разговарал со директорите на клубот за потребата од проширување на тимот. Неговата средба со Сантијаго Солари и Хозе Анхел Санчез се одржа оваа недела.

Учесниците на состанокот ја ценеле потребата од длабочина во составот на секоја позиција, особено каде има повредени, а исто така детално ги разгледале резервите и опциите достапни на пазарот.

Иако Карло Анчелоти не поставил барања за нив, тој истакнал дека се потребни засилувања, меѓу другото, поради големиот обем на натпревари.

Сите учесници на состанокот се согласија дека трансферите се неопходни и сега треба да го убедат Флорентино Перез. Претседателот обично не сака да троши пари за време на зимскиот преоден рок. Меѓутоа, ако раководството се согласи на трансфери, ќе започне значителна потрага за потенцијални кандидати. дс

Фото: Архива

Остани поврзан