• петок, 27 септември 2024

Анчелоти сака Карвахал да го продолжи договорот со Реал

Анчелоти сака Карвахал да го продолжи договорот со Реал

Мадрид, 11 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Реал, Карло Анчелоти сака Дани Карвахал да го продолжи договорот со мадридскиот клуб, пренесува шпанскиот спортски весник „AС“.

Изданието наведува дека Анчелоти очекува искусниот играч на Реал да ја продолжи соработката со мадридскиот клуб до јуни 2026 година. Карвахал моментално е заменик капитен на Реал.

-Карвахал има историска можност да стане капитен. Тоа ќе се случи кога Лука Модриќ ќе реши да го напушти Реал. Никој не знае кога ќе биде тоа, но се очекува Карвахал да биде следниот капитен на Реал, се истакнува во текстот на шпанскиот весник.

Карвахал (32) порасна во Реал Мадрид, а од 2010 до 2012 година настапуваше за вториот тим на мадридскиот клуб. Тој сезоната 2012/2013 ја помина во Баер Леверкузен, а потоа се врати во Реал.

Карвахал за Реал одигра 421 натпревар и постигна 13 голови, а со мадридскиот клуб освои 26 трофеи. дс

Фото: Архива

Остани поврзан