• сабота, 23 ноември 2024

Анчелоти: Сакам да останам во Реал

Анчелоти: Сакам да останам во Реал

Мадрид, 3 април 2023 (МИА) – Тренерот на фудбалерите на Реал, Карло Анчелоти, изјави денеска дека сака да остане во мадридскиот клуб до 30 јуни идната година, кога му истекува договорот, пренесуваат шпанските медиуми.

Италијанскиот стратег неодамна доби понуда на крајот на оваа сезона да седне не клупата на бразилската репрезентација, која е без селектор, откако Тите поднесе оставка по елиминацијата на Светското првенство во Катар.

„Уверен сум дека сум на вистинското место, бидејќи имам голема поддршка од играчите и клубот. Јас одамна реков каква иднина посакувам“, рече Анчелоти.

Тој истакна дека е среќен во мадридски Реал.

„Имам договор со Реал до лето 2024 и сакам да го одработам до крај. А потоа? Ако е Реал среќен ќе останам до 2024“, се пошегува Анчелоти. ег/сд/

Остани поврзан