• вторник, 17 март 2026

Анчелоти: Нејмар може да оди на Светското првенство ако е 100 проценти подготвен, тоа не е случај во моментов

Анчелоти: Нејмар може да оди на Светското првенство ако е 100 проценти подготвен, тоа не е случај во моментов

Рио де Жанеиро, 17 март 2026 (МИА) - Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, одговори на прашањето за причините за изоставувањето на Нејмар од националниот тим.

Нејмар не доби повик за настап на пријателските натпревари против Франција (26 март) и Хрватска (1 април).

- Нејмар може да оди на Светското првенство ако е 100 проценти подготвен. Зошто не го повикав Нејмар сега? Затоа што не е 100 проценти подготвен, а токму таков играч ни треба. Тој мора да продолжи да работи, да игра, да ги демонстрира своите квалитети и да одржува добра физичка подготвеност, изјави Анчелоти.

Нејмар одигра четири натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи два гола и две асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан