• сабота, 27 јули 2024

Анчелоти за иднината на Бејл во Реал: Ако биде мотивиран, ќе има одлична сезона

Анчелоти за иднината на Бејл во Реал: Ако биде мотивиран, ќе има одлична сезона
Мадрид, 3 јуни 2021 (МИА) - Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за иднината на играчот од средниот ред, Герет Бејл, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Тотенхем. - Бејл не одигра многу натпревари во Премиер лигата, а сепак постигна 11 гола. Беше многу ефикасен на последните натпревари и се здоби со стабилност. Го познавам добро.  Ако има мотивација, може да има одлична сезона не се сомневам во тоа, изјави Анчелоти. Претходно, пред назначувањето на Анчелоти во Реал Мадрид, беше објавено дека мадридскиот клуб планира да го продаде Бејл. Неговиот договор со „кралевите“ се пресметува до 30 јуни 2022 година. Анчелоти работеше со Бејл кога беше тренер на Реал во периодот 2013-2015 година. зс/

Остани поврзан