• недела, 24 ноември 2024

Антонов: НАТО неповратно тргна по патот на конфронтација и подготовка за војна

Антонов: НАТО неповратно тргна по патот на конфронтација и подготовка за војна

Москва, 12 јули 2024 (МИА) – Амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов оцени дека Самитот на НАТО во Вашингтон покажал дека земјите од Алијансата – „неотповикливо го започнале патот на конфронтација и материјална подготовка за војна“.

- САД и нивните сателити мобилизираат максимални ресурси за да ја зачуваат својата хегемонија, која пропаѓа, истакна Антонов.

Тој потенцира дека некои трезвени мисли искажани на Самитот во корист на политичко и дипломатско решение на украинскиот конфликт биле „задушени“ од русофобната реторика. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан