• петок, 27 декември 2024

Антовски: Со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот народот ќе остане со уште пократок џеб

Антовски: Со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот народот ќе остане со уште пократок џеб
Скопје, 3 јануари 2022 Под директива на СДСМ во август 2017 година, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за домаќинствата и малите потрошувачи овозможи да користат евтина тарифа во периодот од 14 до 16 часот од понеделник до сабота, како и  навечер и во недела. Но, сето ова кратко траеше. Откако во 2020 ја зголемија цената на струјата за 7,4%, па во 2021 летото за уште дополнителни 12,5 %, сега се случи нов ценовен шок. Имаме дополнително зголемување за 9,5 %, па и укинување на дневната евтина тарифа. Марко Бислимоски во изјавите на телевизиите убедуваше дека сегашното укинување на евтината тарифа не треба да се политизира, дека сето тоа не е политичка одлука. Исто така во неговите интервјуа нẻ убедува дека евтината тарифа ја има само во некои бивши југословенски републики, ја нема во Европа, па затоа треба да се укине. Истиот човек кој едно зборуваше во 2017тагодина, сосема друго зборува во 2021та година. Со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот народот ќе остане со уште пократок џеб. Народот треба да знае дека зголемувањето на струјата кај домаќинствата и малите потрошувачи од 9,5% не е точно. Со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот цената на електричната енергија дополнително се зголемува за 5 до 6%, што значи дека вкупното поскапување ќе биде од околу 15%. Поради недомаќинското работење на власта останавме без домашно производство на електрична енергија. Доколку навреме се справувавме со енергетската криза и ако државните енергетски компании работеа одговорно, ваков ценовен шок немаше да доживеат граѓаните. Ако ЕЛЕМ навреме копаше јаглен и не ги испразнеше акумулациите, ќе имавме домашно производство на  електрична енергија по цена три до четири пати поевтина од увозната. Со тоа немаше да дојдеме до оваа мизерна состојба во која Република Македонија се соочува со уништени енергетски компании доведени пред банкрот, без домашно производство на електрична енергија и осиромашени граѓани кои едвај врзуваат крај со крај. Капак на сẻ, во Новата година имаме и за 14 % поскапо парно греење. Ова е честитката на пиунот Ковачевски и заевизмот за Новата 2022 година, ако успееме да преживееме финансиски. За ова одговорност мора да има. Со почит, Стевче Антовски, член на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан