• недела, 24 ноември 2024

Антовски: Власта во заминување спрема тендери од 9 милијарди денари во РЕК Битола, еден се подготвува за фирма на конзул на држава под санкции на ЕУ

Антовски: Власта во заминување спрема тендери од 9 милијарди денари во РЕК Битола, еден се подготвува за фирма на конзул на држава под санкции на ЕУ

Скопје, 15 февруари 2024 

Власта во заминување на СДС и ДУИ непосредно пред избори подготвува два тендери во РЕК Битола од 9 милијарди денари.

Имаме сериозни сомнежи дека еден од двата тендери веќе е договорен од врвот на власта, а како фирма која треба да го добие е компанија која се поврзува со конзул на држава која е под санкции на ЕУ.

Овој конзул на држава под санкции на ЕУ изминативе години додека СДС и ДУИ се на власт свртел неколку стотици милиони евра тендери во РЕК Битола.

Седум години РЕК Битола е „непресушен“ рудник за богатење на олигарсите на СДС и ДУИ. Во изминативе години ЕСМ потроши стотици милиони евра на тендери за ископ на јаглен и ангажирање помошна механизација во четири очи. И покрај тоа што СДС дојдоа на власт со ветување дека ЕСМ ќе набави сопствена механизација за да се намалат трошоците за ангажман на надворешни компании, тоа не се реализира. Од овие мултимилионски јавни набавки на ЕСМ во изминатиов период најголеми придобивки имаат неколку компании, најчесто на тајкуните од земјите блиски до Русија и блиски до фамилијата на екс премиерот.

СДС и ДУИ на мала врата, незаконски и на сила сакаат да спроведат тендер за набавка и увоз на јаглен од 6 милијарди денари, со кој ќе доделат тендер за ископ на јаглен и јаловина на омилената фирма на еден конзул на земја под санкции на ЕУ.

„Европскиот фронт“ е само на хартија, а во реалноста оваа власт дава милиони на бизнисмени поврзани со Русија и нивни сателити.

Остануваат уште неполни три месеци до ослободувањето од оваа ненародна и клептоманска власт. После тоа, откако земјата ќе се ослободи од стегите на овие криминалци, а судството и обвинителството ќе се стават во расчистување на сите криминалии, сите инволвирани во овие кражби ќе одговараат.

После победата на 8-ми мај и формирањето на новата Влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ветуваме дека за секој што се огрешил пред законот ќе има одговорност. Уште еднаш ги предупредуваме и сите инволвирани во подготовката на оваа КРАЖБА НА МИЛИЈАРДИ НАРОДНИ ПАРИ да размислат дали вреди за ВРХУШКАТА НА СДС И ДУИ да ги полнат џебовите сопствени, да одговараат за подготвување и потпишување на вакви криминални ЈАВНИ НАБАВКИ!

Стевче Антовски

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан