• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Антетокумпо трет европски кошаркар со над 20.000 поени во НБА лигата

Антетокумпо трет европски кошаркар со над 20.000 поени во НБА лигата


Њујорк, 6 март 2025 (МИА) – Гркот Јанис Антетокумпо му се приклучи на клубот кошаркари кои имаат постигнато најмалку 20.000 поени во текот на кариерата во НБА лигата во триумфот на Милвоки над Далас со 137-107.
Најдобриот грчки кошаркар за помалку од 25 минути постигна 32 поени и 15 скокови, достигнувајќи вкупно 20.010 поени и стана 52-риот играч во историјата на НБА кој ја надминал границата од 20.000 поени.
Само петмина играчи со ова постигнување Антетокумпо беа помлади од 30-годишниот Грк: Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Коби Брајант, Вилт Чембрлен и Мајкл Џордан.
Антетокумпо е третиот европски кошаркар кој ја мина границата од 20.000 поени, приклучувајќи им се Дирк Новицки (31.560) и Пау Гасол (20.894). ег
ФОТО: Икс

Остани поврзан