• среда, 25 декември 2024

АНС ја повика Русија да ги отстрани ракетите од Запорошка нуклеарна централа

АНС ја повика Русија да ги отстрани ракетите од Запорошка нуклеарна централа
  Вашингтон, 3 август 2022 (МИА) Американската асоцијација за нуклеарна енергија (АНС), денеска ја осуди Русија за користењето на нуклеарната електрана во близина на Запорожје, Украина, како штит за своите вонени активности. -Однесувањето на Русија околу Запорошката нуклеарна електростаница го нарушува меѓународното право, кое забранува напади на нуклеарни електростаници и нивно користење как „жив штит“, за да се одбегнуваат непријателски напади или возвратни удари, изјави Стивен Арнд, претседател на АНС. -Вооружените сили на Русија треба веднаш да го отстранат своето оружjе од објектот и неговата територија. Тој изрази загриженост по извештаите за наводни нарушени човекови права врз украинските вработени во електроцентралата направени од руските војници, кои го окупирале објектот. -Ја повикуваме Русија да овозможи на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) итен, целосен и отворен пристап до нуклеарната централа и до вработените во централата, изјавија од АНС. Арнд соопшто дека според украинската агенција за атомска анергија „Енергоатом“, радијациската, пожарната и еколошката ситуација на станицата засега е стабилна, (ИАEA) продолжува да добива податоци за гаранции по безбедност на станицата во далечински режим. АНС е оснавана во 1954 година со мисија е да промовира, охрабрува и стимулира примена на нуклеарната наука, техника и технилогии во добробит на општеството. кб/

Остани поврзан