• среда, 18 декември 2024

Анри: Задоволен сум со резултатите, но не и од се останато

Анри: Задоволен сум со резултатите, но не и од се останато

Париз, 29 јули 2024 (МИА) - Селекторот на француската олимписка фудбалска репрезентација, Тиери Анри беше задоволен од настапот на тимот на вториот натпревар против Гвинеја (1:0).

„Петлите“ ја извојуваа втората последователна победа и водат во групата А со 6 бода.

„Задоволен сум од резултатите, но не и од се останато. Ако играме против тим со ниска одбранбена линија, тогаш треба повеќе да ги користиме нашите шанси. Имавме доволно можности, но не постигнавме гол. Кога не постигнуваш гол, се станува потешко, изјави Анри, цитиран од француските медиуми. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан