• сабота, 23 ноември 2024

Анкети: Пад на рејтингот на Макрон и на Атал

Анкети: Пад на рејтингот на Макрон и на Атал

Париз, 18 март 2024 (МИА) – Резултатите од две анкети покажуваат пад на рејтингот на францускиот претседател и премиер, Емануел Макрон и Габриел Атал.

Според анкетата на институтот Ифоп, од политиката на Макрон задоволни се само 28 проценти од Французите, а незадоволни се 72 отсто, додека во февруари нивниот процент изнесувал 29 со 71.

Незадоволство од работата на Атал изразиле 55 отсто, што е зголемување за три проценти во споредба со претходниот месец. Додека 45 проценти од Французите се задоволни од работата на премиерот, додека во февруари задоволни биле 48 отсто.

Слични резултати се забележани и во анкетата на институтот Ипсос.

Според истражувањето на јавното мислење на Ипсос, 67 отсто од Французите имаат неповолно мислење за Макрон, а 29 отсто позитивно.

Пад на популарноста е забележан и кај премиерот. Половина од Французите изјавиле дека неповолно мислење за Атал (45 отсто во февруари), а 38 проценти позитивно (40 отсто во февруари). ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан