• среда, 13 ноември 2024

Анкети во Грција: Предност на Нова демократија во пресрет на европските избори

Анкети во Грција: Предност на Нова демократија во пресрет на европските избори

Атина, 17 мај 2024 (МИА) – Меѓу 25 и 26,5 отсто е рејтингот на грчката владејачка партија Нова демократија во пресрет на европските избори на 9 јуни и е стабилна на првата позиција, со предност од 13 до 15 проценти пред опозициската СИРИЗА, според истражувањата на јавното мислење во Грција, спроведени од агенциите „MRB“ и „Pulse“ за грчките телевизии „Опен“ и „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Споредбено со европските избори во 2019 година, кога, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто, сега, првите две партии се со намален рејтинг, додека третата партија е во подобра позиција.

На прашањето дали ќе гласаат на евроизборите, 74 отсто од анкетираните на едната и 83,5 проценти од другата анкета одговориле позитивно.

Анкетата на „Pulse“ за „Скај“ била спроведена помеѓу 13 и 15 мај 2024 година со учество на 1.104 гласачи, додека пак истражувањето на „MRB“ за „Опен“ од 10 до 14 мај со анкетирани 1.100 лица. ср/

Остани поврзан